Дури и Мајкл Фелпс еднаш призна дека „секој понекогаш се олеснува во базенот“. Научниците конечно измерија колку е тоа „понекогаш“.
Канадските научници најдоа метод да пресметаат колку ypина се наоѓа во секој базен, по што тестираа 31 базени и џакузи-ја на територија на Канада. Нашле траги од ypина во секој еден од нив.
31 базен не е нешто посебен репрезентативен примерок, ама утврдено е дека на секои 500.000 литри вода, во базените има по околу 36 литри ypина. Притоа, резултатите покажуваат дека луѓето повеќе „се празнат“ во џакузи-јата, отколку во базените. Утврдено е дека нивото на ypина во едно просечно хотелско џакузи е дури 3 пати поголемо дури и од нивото на ypина во најлошиот базен.
Сега малку за методот: научниците до таквите податоци дошле мерејќи го калиум ацесулфам-от во базените и џакузите. Тоа е засладувач кој се наоѓа во вештачките супи, газираните пијалоци, слатките, и јогуртот, а 95% од внесената количина го напушта телото во непроменет облик, што го прави добар индикатор за присуство на ypина во водата.
Е сега, самата ypина не е штетна, но во комбинација со хлорот може да создаде „нуспродукти на дезинфекцијата“, кои можат да бидат опасни. Сепак, научниците потсетуваат дека тоа не е причина да не уживате во базените, туку да не се празните во нив.