Колку се паметни кучињата?

Повеќе... Најновите истражувања покажаа дека кучињата се интелигентни колку и двегодишните деца. Според студијата, најинтелигентни кучиња се оние од видот Бордер коли, а второто место му припаѓа на Пудлиците. Интересен е и заклучокот дека едно просечно куче има социјални вештини колку и тинејџерите од човечкиот вид.


470_682759.jpgНајновите истражувања покажаа дека кучињата се интелигентни колку и двегодишните деца. Според студијата, најинтелигентни
кучиња се оние од видот Бордер коли, а второто место му припаѓа на
Пудлиците. Интересен е и заклучокот дека едно просечно куче има
социјални вештини колку и тинејџерите од човечкиот вид.

Едно просечно куче може да научи 165 зборови, додека  поинтелегентните кучиња имаат побогат речник со околу 250 зборови. Што се однесува до математичките вештини, кучињата можат да разликуваат до пет бројчани вредности и да ја пресметаат нивната разлика. Математичките вештини и способностите за совладување на зборовите кај кучињата се еквивалентни на оние кај децата од две – две и пол години.

Што се однесува до емоциите, кучињата имаат чувства исто така. Посебно се чувствителни и разбираат кога со нив се однесуваме неправедно. Кога едно куче е третирано подобро од некое друго, на пр. добива подобра награда кога ќе изврши некоја задача, она кое добива помала награда или е полошо третирано одбива да ги извршува задачите и да ги слуша наредбите на тренерот.

Па, кои кучиња се најпаметни? Според истражувањето, на прво место е Бордер коли или Граничниот коли (види слика), на второ место – Пудлиците, на трето – Германските овчари, па Златниот Ретривер, Доберманите, Шетландските овчари и на седмо место се кучињата од видот Лабрадор ретривер. [Dogs Are as Smart as Humans — Albeit Young Humans]

- Реклама -