Колку кошта да нарачаш хакирање на туѓ меил?

hakeri[1]

Да го шпиунираш и-мејлот на дечко ти или девојка ти не е убаво. Ама ако си запнал/а, еве колку кошта.

За таа работа постои цел „подземен“ пазар, а ваквата трговија е во сé поголем подем.

„Наместо своите пари да ги праќате на криминалци на кои потоа морате да им верувате на зборот дека ќе ја завршат работата, сега можете да бидете сигурни дека тоа ќе биде обавено и пред да ги уплатите парите. Тоа што е уште поинтересно е дека целата постапка ќе ве чини помалку отколку што мислите“.

Овој извадок е само дел од информациите во годишниот извештај за хакери на Dell. Експертите задолжени за IT безбедност во компанијата поминуваат долго време на „темниот интернет“ (Dark Web) и истражуваат, меѓу другото, колку чинат ваквите и сличните услуги.

Според нивните податоци, хакирањето е прилично евтино. На пример, можете да нарачате хакирање на нечија Gmail, Yahoo или Hotmail адреса за „фина цена“ од 129 долари. Можете да нарачате и хакирање на профили на друштвени мрежи и службени и-мејлови, но тоа ќе ве чини околу 500 долари.

Инаку, хакерите ги сработуваат овие „тезги“ без воопшто да го менуваат пасвордот на корисниците кои ги хакираат, така – жртвата не е свесна дека е мета на хакерски напад.

На темниот веб ќе најдете и хакери што нудат „демо верзија“ т.е. бесплатно хакирање и обезбедување на тривијални податоци, со цел да ви докажат дека нивните методи навистина работат.

- Реклама -