Качувањето на килограми во бременоста е индивидуално. Бремените жени во просек „качуваат“ помеѓу 8 и 16 килограми.
Најопшто килограмите се распределуваат на следниов начин:
1 – 2 кг во првите 3 месеци, околу 4 килограми во вториот квартал и околу 6 килограми во последните 3 месеци.
Од 5-тата гестациска недела тежината на бремената жена се зголемува со околу 300 г. неделно.
Од 21-вата до 27-мата гестациска недела тоа треба да се зголемува со не повеќе од 500 г неделно.
Во последните две недели пред породувањето тежината на идната мајка може да опадне.
Дополнителните килограми зависат од телесната тежина на идната мајка пред бременоста, имено:
– тежина под нормалата: 13 – 17 кг ;
– нормална тежина: 14 – 16 кг;
– тежина над нормата: 6 – 14 кг;
– бремена со близнаци: 16 – 18 кг.
Тежината на бремената се распределува на следниов начин:
– тежина на бебето – од 3 до 4 килограми;
– тежина на плацентата – од 500 до 700 г;
– тежина на амнионската течност – од 700 до 900 г;
– тежина на матката – од 800 г до 1 кг;
– тежина на градите – од 400 до 800 г;
– тежина на крвната маса – од 1 кг до 1,8 kg;
– тежина на водата – околу 1 кг;
– тежина на лојот – околу 3 кг.