Колку калории се согоруваат со пливање?

Заминувате на одмор, уживате во убавините на одбраната дестинација, опкружени сте со прекрасно зготвена, вкусна храна и многу е лесно да заборавите на здравиот живот и сето време што сте го поминале во обидите за намалување на телесната тежина. Но, сето тоа можете лесно да го коригирате со малку пливање…

Отпорот на водата го прави пливањето доста напорна активност, но разладувањето што оди заедно со него ја прави и доста пријатна активност. Згора на тоа, при пливање се активираат буквално сите мускули во телото, што значи дека се работи за една од најздравите и најдобри форми на вежбање. Кога овие факти ќе ги искомбинираме со здравствените придобивки од солената вода, сфаќаме зошто треба секоја година да се оди на море.

plivanje

За да ви помогнеме да пресметате колку калории ќе согорите со различните активности во вода, ви пренесуваме неколку основни податоци.

Во голема мера, бројот на калории кои ги согорувате при физичка активност зависи од вашата телесна тежина и од процентот на мускулна маса. Луѓето кои имаат помалку килограми, трошат помалку калории од покрупните. Исто така, оние што имаат поголем процент на мускулна маса, трошат повеќе од оние со помал процент.

Во просек, при различни физички активности во вода, луѓето кои тежат околу 60 килограми, ќе потрошат од 200 до 300 калории (на час) помалку од оние што тежат 90 килограми.

Просечен човек од 80 килограми, за време од еден час ќе потроши:

Swimming_Slovenia_Lake_1b

Брзо пливање, слободен стил – 817 калории;
Умерено пливање, слободен стил – 572 калории;
Грбно пливање – 572 калории;
Градно пливање – 812 калории;
Пеперутка – 899 калории;
Бавно пливање, неодреден стил – 412 калории;
Аеробик во вода – 327 калории;
Ватерполо – 812 калории;
Одбојка во вода – 245 калории; и
Трчање во вода – 645 калории.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -