Колку е лута најлутата пиперка?

Google го одбележа денешниот ден со doodle посветен на 151-годишнината од раѓањето на Вилбур Сколвил. Американскиот фармацевт е првиот во светот, кој создаде скала по која се одредува колку е лута оваа или онаа лута пиперка – т.н. Скала на Сковил.

doodle_skovil[1]Од денешен аспект, ова звучи сосема неважно и несериозно, но факт е дека светската кујна, како и вкусот на јадењата, не би биле исти кога не би било откритието на Сковил.

Причината за лутиот вкус на пикантната храна е содржината на фенолното соединение наречено капсаицин. Различните видови пиперки содржат различно количество на истиот, количество кое директно ја одредува нивната лутост. Лутоста се мери во сковили, а најлут дел од пиперките е нивната тенка ципа, која се наоѓа на внатрешната страна на зеленчукот.

chilipepper_2[1]

Според скалата на Сковил, едни од најлутите сорти на пиперки во светот се Хабанеро и Нага, а најлутата пиперка се нарекува Infinity (во превод: бесконечност) и содржи 1.17 милиони единици по Сковил.

- Реклама -