Не преостанува уште многу до почетокот на 87-то издание на овогодинешните Оскари. Во недела, американската филмска академија конечно ќе ги објави долгоочекуваните добитници на најпрестижната филмски награди. А се разбира, колку што е голем интересот за самите награди, толку е голем интересот и за блескавата манифестација што ќе се случува непосредно пред почетокот на доделувањето – црвениот тепих.
Е да, тепихот… Имате ли претстава колку чини?
Сметководствената компанија AAT, заедно со агенцијата за дизајн Think, ги анализираа податоците од Box Office Mojo, FiscalTimes.com, The Hollywood Reporter и Reuters. Пресметките велат дека изнајмувањето на црвениот тепих ги чини организаторите околу… 30.000 долари, за една ноќ! И не, во оваа цена не е вклучено поставувањето, ниту платите за луѓето кои се задолжени за тоа.
Тепихот е околу 152.5 метри долг и 10 метри широк, со тотална површина од околу 1525 метри квадратни. Во однос на цената, тоа би значело дека изнајмување на 1 метар квадратен, за една вечер, би ве чинело околу 1050 денари.
Несомнено, на него ќе стапнат најголемите ѕвезди на „седмата уметност“, ама замислете колку би ве чинело покривањето на подот во вашиот дом.