Г-ѓа Чен, како што ја претставуваат кинеските медиуми, почнала да забележува бели влакна во своите 30-ти години. Зачестиле и станале проблем кога наполнила 40 години, и како и многу други жени на таа возраст, Чен почнала да ја фарба косата за да ги сокрие знаците на стареењето.
Меѓутоа, како што самата тврди, косата и белите влакна ѝ растеле премногу брзо, па со цел да ги скрие, посетувала фризерски салон и се фарбала секој месец во последните 10 години.
Неодамна Чен дознала дека нејзината навика скапо ја чинела. Пред околу 2 месеца, кога Чен се качувала по скалите кон нејзината спална, се почувствувала необично изморена и ѝ подснемало здив. Тоа не ја исплашило којзнае колку, но кога стигнала во спалната нејзиниот сопруг забележал дека кожата на жената станала жолта, како и белките во нејзините очи. Веднаш заминале во болница, од каде што се препратени во Одделот за инфективна медицина во Харбин. Тестовите покажале дека во телото на жената има 10 пати повисоко ниво на билирубин од нормалното.
Црниот дроб на г-ѓа Чен се наоѓал во напредна фаза на цироза, а докторите се обиделе да ја идентификуваат причината. Жената немала проблеми со алкохол, а нејзиниот медицински картон не упатувал на лекови кои би можеле толку интензивно да го оштетат нејзиниот црн дроб. По долго испрашување, кога чуле за нејзината навика на редовно фарбање на косата, и тоа во период од 10 години, заклучиле дека за цирозата се виновни хемикалиите во бојата за коса.
По 20-дневен третман, состојбата на г-ѓа Чен е многу подобра, но дел од хемиските оштетувања на црниот дроб не можат да бидат поправени, што значи дека Чен ќе живее со зголемен ризик од развивање на рак.
Како што објаснува д-р Фу Лиџуан – директор на Интерна медицина при одделот за инфективни заболувања, најголем дел од боите за коса содржат купче хемикалии, од кои дел се многу токсични за човечкото тело, како нитробензен и анилин. Овие супстанци лесно се апсорбираат преку скалпот, а штом еднаш влезат во телото, мораат да бидат метаболизирани (обработени, прочистени) од црниот дроб. Со тек на време, тоа не само што го истрошува органот, туку може да предизвика и сериозна штета, како во случајот на г-ѓа Чен.
Според д-р Фу, најидеално е никогаш да не ја фарбате косата, но ако морате, препорачува растителна боја. Ако веќе користите хемиска, Фу препорачува да не ја користите повеќе од еднаш на 6 месеци.