Секое живо тело е составено од клетки, а со тек на време многу од нив се „трошат“ и мораат да бидат заменети. За да се одржи во живот, човековото тело секоја секунда произведува милиони нови клетки.
Пред делбата на една клетка, прво се умножува нејзината ДНК, за секоја од двете клетки-ќерки да ги добие истите соодветни упатства.
Брзината на обновата зависи од видот и улогата на клетките. Времетраењето на процесот отприлика се движи вака:
Белите крвни зрнца: од 1 до 5 дена
Неутрофилите, кои опфаќаат 50-70% од белите крвни зрнца т.е. леукоцитите, се „најистурената војска“ на нашиот одбранбен систем. Матичните клетки на коскената срж се задолжени за тоа да ги менуваат неутрофилите на интервали од помалку од една недела.
Црвените крвни зрнца: 120 дена
После неколку месеци живот, еритроцитите остаруваат и се стврднуваат. Се отстрануваат преку слезинката, а се заменуваат со помош на коскената срж.
Клетките на дебелото црево: 3-4 дена
Клетките од кои е сочинет ѕидот на дебелото црево постојано се уфрлаат во цревата, а се заменуваат со клетки кои се движат во нагорна линија.
Масни клетки: 8 години
Бројот на масните клетки слабо се менува.
Клетките на мозокот: Стар е колку што е стар и човекот
Долго се смета дека кај возрасните лица клетките на мозокот воопшто не се обновуваат, но некои понови откритија кај животните сугерираат дека тоа можеби и не е вистина.
Клетките на душникот: 1-2 месеца
Клетките кои го обложуваат душникот се менуваат отприлика еднаш месечно.
Клетките на срцето: 10-20 години
Мускулните клетки на срцето се заменуваат отприлика секоја деценија, благодарение на посебни матични клетки, кои се нарекуваат сателитски клетки.
Клетките на црниот дроб: 6-12 месеци
Црниот дроб има голема регенеративна способност. Неговите клетки се менуваат еднаш или двапати годишно.
Клетките на тенкото црево: 2-4 дена
Слузокожата на тенкото црево се троши мошне брзо, па брзо мора и да се обновува.
Клетките на белите дробови: 8 дена
Клеките кои ја покриваат внатрешноста на белите дробови се менуваат отприлика еднаш неделно.