Колинда за тоа како е да се биде жена претседател: Тоа што ми го прават медиумите е неподнослив сексизам

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во интервју за „Нови лист“, покрај актуелните политички теми во Хрватска, зборуваше и за својот мандат и општо, како е тоа да се биде жена претседател.

Во интервјуто беше прашана и за критиките на нејзина сметка во кои ја обвинуваат дека ја „естрадизирала“ функцијата претседател на државата. Колинда, во своја одбрана, вели дека задачата ѝ е да ја претставува Хрватска во најдобро светло, а додаде и дека нејзините „испади“, како што беше отворената поддршка на хрватските фудбалери, се добро примени низ светот.

Но Грабар-Китаровиќ има и контракритика.

„Кога говорите за естрадизација, и јас би сакала дел од медиумите да престанат да ја обесмислуваат конкретната државничка работа со теми како облеката, фризурата, диетата и слични неважни тривијалности кои јас не ги наметнувам“, вели таа, оценувајќи дека е неподнослив сексизам тоа што многу често главна тема е како таа изгледала и колку килограми имала.

На пример…

„Со тоа во целост се миноризира и игнорира содржината на резултатите што ги имам сработено“, се пожали претседателката, потсетувајќи дека ниту еден од нејзините претходници (мажи) не биле толку медиски експонирани поради облеката, чевлите и слично.

- Реклама -