Коктел во Брисел, се сечеа торти со знамињата на Македонија, Албанија и ЕУ

По одржувањето на меѓувладината конференција, попладнево во Брисел беше организиран коктел по повод „почетокот на преговорите“ на Македонија и Албанија со ЕУ.

Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот Оливер Вархеји, беа исечени три торти – со македонското, албанското и знамето на ЕУ.

Извор/Фото: МИА

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана
- Реклама -