Се разведуваат Дејвид Аркет и Кортни Кокс

Американскиот актер и режисер Дејвид Аркет се разведува од актерката и продуцентката Кортни Кокс Аркет. Барањето за развод Аркет го доставил минатиот петок до Судот во Лос Анџелес.

Аркет и Кокс имаат седумгодишна ќерка, за која и двајцата бараат старателство. Тие се разведуваат бидејќи не можеле да ги надминат големите разлики меѓу нив.

Двојката се запозна на снимањето на филмот Scream во 1996 година, а се венча три години подоцна на 12 јуни 1999 година. Во средината на октомври 2010 година тие се разделија, но велеа дека ќе останат со пријателски односи.

Кортни Кокс, која се прослави со ТВ-серијата Friends, моментало глуми во серијата Cougar Town, чиј извршен продуцент е Аркет.

{youtube}g78iUTdtt20{/youtube}

- Реклама -