Кокос ролат со малини

Во топлите летни денови најмалку што сакате е да го вклучувате шпоретот за да испечете нешто. Затоа, за денеска ви предлагаме едноставен и десерт што не се пече. Подгответе кокос ролат збогатен со вкус на малини.

Состојки:

За кора: 250г мелени бисквити, 100г шеќер во прав, 100мл подготвено нес кафе, 1 лажица рум, 100г стопено чоколадо, 100г мелени пржени ореви, 1 лажица какао

За фил: 100г кокос, 100г путер, 100г шеќер во прав, 100г малини, 3 лажици вода, 3 лажици шеќер

Подготовка:

Сите состојки за кора измешајте ги во една смеса и ставете ја на проѕирна фолија во форма на правоаголник.

Водата и шеќерот ставете ги да повријат, а путерот, шеќерот во прав и кокосот изматете ги со миксер. Додадете ги сварените шеќер и вода и малините, па матете уште малку за да добиете кремаста смеса. Распоредете ја преку кората и внимателно свиткајте во ролат. Извалкајте го во кокос и оставете го да се стегне во фрижидер.

Добар апетит!

- Реклама -