Кокаин, оргии и алкохол: Беше главен соработник на „Волкот од Волстрит“, а вака живее 30 години подоцна

Младиот брокер од Волстрит, Вилијам Престон, кој бил пријател со вистинскиот „Волк од Волстрит“, Џордан Белфорт, го живеел својот живот од соништата – работел за голема компанија, живеел во луксузен стан во Њујорк и се возел со скап Мерцедес.
Сепак, иако згоден и амбициозен, Престон премногу се занел забавувајќи се во ексклузивните клубови низ Њујорк во кои пиел најскапи пијалоци и шмркал многу кокаин. Добрите времиња набрзо се претвориле во кошмар.

Се тргнало наопаку, парите кои ги трошел без контрола ги снемувало, а Престон почесто бил издрогиран и пијан, отколку трезен. Иако успешен брокер, работата не можел да ја задржи во таа состојба, и покрај фактот што имал многу моќни пријатели. Сето тоа довело до неговата состојба денес, кога Престон спие на улиците во Големото јаболко на празни кутии од пијалоци.

vuk1_1439453206

„ Имаше се што сакаше. Невозможно е да се поверува каде што беше некогаш,  а каде е денес. Тоа е многу тажно“, вели Кристин, неговата помлада сестра.

Таа раскажува дека нејзиниот брат кој денес има 52 години, завршил некои од најдобрите училишта и бил меѓу 2 % најдобри брокери во светот. Сепак, ништо од она што го направил не го шокирало неговото семејство како фотографијата на која што тој лежи на улиците во Њујорк.

Последното нешто што неговото семејство го знаело за него, било дека се лечи од зависност, а последен пат го виделе кога неговата сестра го исфрлила од дома, бидејќи и крадел пари.

„ Тогаш разговаравме последен пат“, ја завршува Кристин нивната приказна.

Прочитај повеќе: Ова е вистинскиот „Волк од Волстрит“

- Реклама -