Кокаин и LSD во шпанскиот воздух

madrid_1403328cc.jpg Загадувањето на воздухот долго време беше реалност во шпанските
градови, но научниците велат дека освен смог кој ги гуши луѓето, тие
вдишуваат и други супстанции.


madrid_1403328c.jpgЗагадувањето на воздухот долго време беше реалност во шпанските градови, но научниците велат дека освен смог кој ги гуши луѓето, тие вдишуваат и други супстанции.

Ново истражување откри дека воздухот во Мадрид и Барселона содржи најмалку пет дроги, меѓу кои најчест е кокаинот. Во воздухот покрај кокаин биле пронајдени и траги од амфетамини, опијати, кабабиноиди и LSD.

Сепак, не постои причина за паника.

„И да живееме 1000 години нема да конзумираме еквивалент на доза кокаин со дишењето на овој воздух“ – вели еден од научниците во истражувањето.

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи

Се сомнева дека можеби истражувањата биле „загадени“ затоа што тестирањето во Мадрид било направено до напуштена зграда за која се претпоставува дека е место на дилери, додека во Барселона истражувањето било направено близу универзитетите. Научниците тврдат дека овој резултат не го претставува квалитетот на воздухот во двата града.

Групата научници кажа и дека поголеми концентрации на дрога биле забележани за викендите, што укажува на поголема употреба во овој период.

- Реклама -