Која храна најмногу штити од рак на дојка?

Начинот на живот е еден од клучните фактори за здраво тело или процес за оздравување од било која болест. Тоа е особено важно, речиси од суштинско, значење кај одредени видови на канцерогени болести како што е рак на дојка, и може да се избегне со навремена интервенција и ако е откриено на време.

Годишно во нашата земја се појавуваат околу 2.300 нови случаеви со рак на дојка а 900 жени ја губат битката со оваа злобна болест.

За подобро да разбереме каква е оваа болест неопходно е да се знае дека ракот се развива низ годините под влијание на надворешните фактори на средината во која живееме, храната и генетската предиспозиција. Изборот на храна, начинот на приготвување на храната и долгорочното однесување кон храната и пијалоците имаат големо влијание на појавата на ракот, особено ако се исклучени генетските фактори.

Иако со сигурност не се знае која храна може да обезбеди целосна заштита од ракот, научниците пронашле врска помеѓу одредени видови на храна и развојот на ракот. Така, токсините кои исто така се наречени слободни радикали кои циркулираат низ целиот организам и ја уништуваат ДНК-та, и го поттикнува развојот на клетките на ракот.

Одбрамбениот систем против слободните радикали се бори со антиоксидансите кои ги штитат здравите клетки и му помага на телото да се ослободи од токсините.

Прочитајте и:  Најлошите јаглехидрати кои би можеле да го зголемат ризикот од рак, според нутриционист

Витаминот Ц, Е и бета-каротин (предходник на витаминот А) се познати антиоксиданси кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот.

Витамин Ц: цитрон(портокал, грејфрут, лимон…), јагоди, домати, компири, брокули, киви, зелка, жолта пиперка.

Витамин Е: јаткасти плодови(ореви, семки), путер од кикирики, кељ, јајца, масло од пченица.

Бета-каротин: моркови, спанаќ, кељ, тиква, кајсии.

Полифенолите во зелениот чај имаат аксиоксидантни својства, кои можат да објаснат зошто Јапонците ретко заболуваат од рак. Лукот, кромидот и празот се богати со сулфур кој има антиоксидативан и антиканцерогени ефекти.

За да го спречите или потиснете развивањето на ракот на дојка, јадете мрсна риба богата со омега-3 масни киселини(скуша, харинга, лосос, сардини) и мононезаситени масни киселини од омега-9 кои се наоѓаат во маслиновото масло.

Заситените животински масти сведете ги на минимум како и омега-6 масните киселини кои се наоѓаат во пченката, репкиното масло и маргаринот.

Експертите потцетуваат дека околу 20-60 проценти од смртните случаи од рак е последица на погрешната диета и начин на живот, па со горенаведените упатства вклучете и физичка активност, вежбање со оној интензитет кој вашето тело може да го поднесе.

- Реклама -