Кој троши најмногу на проституција?

Метро објави листа на десет земји кои трошат најмногу пари на проституција. Меѓу нив е и комшијата од исток.

Лидер на листата е Шпанија, по која што следуваат Швајцарија, Јужна Кореја, Германија и Јапонија.

Веднаш зад нив на шестото место е Бугарија, додека по неа следуваат Тајланд, Тајван, Ирска и Израел.

mlista

Истражувањето опфатило 196 земји во светот, со тоа што во 50 од нив професијата е легализирана. Во светот има 13,8 милиони платени сексуални работнички. Најмногу од нив се во Кина – 5 милиони, а потоа Индија и САД со соодветно 3 и 1 милиони проститутки. Вкупните приходи од проституција на глобално ниво се еднакви на 186 милијарди долари.

Податоци на Havocscope покажуваат дека приходите во Кина се најголеми и се еднакви на 73 милијарди долари. Потоа следат Шпанија и Јапонија со 26,5 и 24 милијарди долари, како и Германија, каде професијата е легална со 18 милијарди долари.

fhd990PMN_Julia_Roberts_002
Извадок од филмот “Прекрасна жена” со Џулија Робертс

Истиот извештај покажува дека приходите во Бугарија се изедначуваат на 1,3 милијарди долари, или околу 2.34 милијарди, што е повеќе отколку во Холандија, каде што проституцијата е легална (800 милиони долари) и од Италија со нејзините 600 милиони долари.

- Реклама -