Кој кого озборува?

Повеќе...

“Иако си прикажуваат секакви муабети, мажите и жените се сложуваат во едно – добриот трач поделен со пријател, со колега или со партнерот им дава чувство на блискост” – се истакнува во анкетата која неодамна ја спревела истражувачката агенција Onepoll.


gossip.jpg

“Иако си прикажуваат секакви муабети, мажите и жените се сложуваат во едно – добриот трач поделен со пријател, со колега или со партнерот им дава чувство на блискост” – се истакнува во анкетата која неодамна ја спревела истражувачката агенција Onepoll.

Обично се верува дека жените се тие кои повеќе сакаат да шират разни гласини и зад грб да трачарат за нивните пријатели. Според анкетата машките не се толку лоши колку жените, тие се многу полоши! Сакаат скандали и ќе направат сѐ за да бидат во центарот на вниманието меѓу нивните колеги и шефови. На крајот од напорниот ден добриот трач им го зачинува денот кој инаку ќе беше уште еден од оние досадни работни часови поминати во канцеларија. Омилени им се пијаните испади на колегите, приказни за старите школски другари и се разбира шушкање околу најатрактивните колешки.

Третина од мажите се најсреќни кога си шепкаат со своите колеги на работа и признаваат дека трачарењето со нивните партнерки е подобро и од секс. Повеќе од пола, пак, признале дека трачевите ги прават да се чувствуваат како “дел од групата”. Оттука заклучокот бил дека најдоброто место за трачарење меѓу мажите е канцеларијата, за разлика од жените кои преферираат да се доверат на некое посигурно место или пак дома. Други омилени теми им се гласините за можните љубовни врски на колегите или шефовите, секс и пари.
Од друга страна пак жените повеќе уживаат во “сапуници”. Секој вид на однос за нив е жешка тема на дискусија, без разлика дали се работи за сопствената врска, врската на нивната пријателка или пак настаните со свекрвата. Повеќе од половина од нив постојано се доверуваат за добрите или лоши случувања од приватниот живот, но сепак за разлика од мажите кои ја озборуваат околината, жените повеќе сакаат да си поприкажат гласини за познатите личности и да си ги прераскажуваат нискобуџетните телевизиски серии.
Омилени машки трач теми:
1. Пијанствата на пријателите
2. Вести
3. Старите школски другари
4. Колешките од работа
5. Најтрактивната девојка на работа
6. Ширење гласини
7. Промоции
8. Секс
9. Плата
10. Шефот
Омилени женски трач теми:
1. Другите жени
2. Вести
3. Проблемите во врската
4. Туѓите врски
5. Секс
6. Кој колку се здебелил
7. Сапуници
8. Туѓите момци или сопрузи
9. Свекрви
10. Славни личности

[Men spend more time gossiping than women poll finds]

- Реклама -