Кој ќе го наследи Роџерс во Ливерпул?

Брендон Роџерс и официјално ја заврши својата екскурзија во Ливерпул. Вчера по завршувањето на популарното „Мерсисајд“ – дербито помеѓу градските ривали Евертон и Ливерпул челниците на клубот му го врачија отказот.

Brendan Rodgers, the Liverpool manager, presented his prospective employer with a detailed dossier

Главна тема на британските медиуми се неговите можни наследници. Меѓу нив најпосакуван и можеби најверојатен би бил Јирген Клоп.

Во игра е и искусниот италијанец Карло Анџелоти кој во моментов е исто како и Клоп, без ангажман. Тука се и Франк Де Бур (Ајакс) и Роналд Куман (Саутемптон). Се зборува и за две прилично нереални опции, и тоа, Валтер Мацари и Диего Симеоне.

Како и да е, Премиер Лигата ќе одмори во наредниве две недели, а следниот тренер на Ливерпул ќе седне на клупата на 17 октомври на гостувањето во Лондон против Тотенхем.

Прочитајте и:  Салах разочаран од молкот на Ливерпул: „Поблиску сум до заминување отколку да останам на Енфилд“
- Реклама -