Koj e „Жарко“ од разговорот меѓу Камчев и Боки 13 објавен од „Ла Верита“?

Снимката која вчера ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“, отвори нови сомнежи за можни лица кои „куртулиле“ од истрагата на СЈО, пишува „ТВ21“.

Во разговорот меѓу Бојан Јовановски (алијас Боки 13, или уште поактуелно „Боки Тредичи“) и Орце Камчев се споменува лице по име „Жарко“, кое, како што вели Боки во снимката, со негова помош остварил контакти и завршил работа со двете страни – и со СЈО, и со премиерот Зоран Заев. По објавувањето на снимката, новинарот Бранко Героски на Фејсбук напиша: „Ете го и Жаки, де… Се сеќавате, ви расправав за него. Па после некои прашуваа каде е, Геро измислувал. Ете ви го!“.

Но, кое е лицето за кое зборува Боки 13? Податоците што се слушаат во снимката околу „спасениот“ Жарко, име кое се спомнува во случајот на СЈО – „Базни станици“, водат кон Жарко Луковски, поранешен извршен директор на T-Mobile Македонија, пишува „ТВ21“. Предметот против него СЈО го отвори во октомври 2018-та година, заедно со уште 5 други предмети. „ТВ21“ остварила телефонски разговор со Луковски, во кој открил дека го познава Боки 13 уште од дете. Читајте ТУКА.

 

- Реклама -