Кој е вашиот препознатлив секс потег? Со неколку чекори дознајте го!

Потребни се три нешта за да се биде добар во кревет а тоа се: образование, практично искуство и правилниот став.
Но, за да се биде навистина добар во кревет, постои само една работа која треба да се усоврши: вашиот препознатлив секс потег. Што е тоа? Па, само вие можете да одговорите на тоа.
Тоа би можело да биде некој потполно оригинален, компкексен маневар, познат само на вас и вашите љубовници. Или, може да биде нешто едноставно како вртењето на јазикот, направено со таква самоувереност, што би можеле да го дефинирате тоа.

Сè што ви е потребно е малку мислење и (можеби) малку пракса. Ова се четирите чекори за пронаоѓање на вашиот секс потег:

Прв чекор: Одлучете во што сте најдобри

Трикот е да се фокусирате на оној сексуален чин во кој уживате најмногу. Ако ви се допаѓа нешто, обично во тоа сте и добри. Па, навистина не можете да згрешите ако го следите ова едноставно првавило. Ако можете добро да масирате, на пример, тоа може да ви е почетна точка. Научете некои сензуални техники на масажа, надополнете со ероткса масажа на гениталиите и ете: секс потег кој не се заборава лесно.

Втор чекор: Дознајте го вашиот талент

Одлучивте кој дел од телото ветува најмногу? Пробајте неколку техники пред да се одлучите да се концентрирате на него. Видете што се случува кога се концентрирате на различни делови од телото, видете на кои партнерот реагира и во што ужива најмногу, и по неколку сесии ќе го усовршите вашиот талент, а двајцата ќе уживате во тоа.

Трет чекор: Распрашајте се

Мислите дека сте пронашле еротска иновација која е уникано ваша? Направете кратко истражување со вашите пријатели, или на интернет да видите колку е често тој потег или колку е добар кога се применува. Прашајте од вашиот и спротивниот пол за да добиете мислење од двете перспективи.

Четврт чекор: Пробајте го

Сите трикови, вештини, совети и истражување спојте ги во еден спектакуларен секс со вашиот среќен-среќен партнер.

- Реклама -