Убави, богати, славни, посакувани… Но, дали се паметни? Судејќи според бисерите кои ги кажуваат, за повеќето светски ѕвезди може да се заклучи дека се неписмени или во најмала рака, неинформирани. Но, исклучоци секогаш има, па еве ги бистрите глави на Hollywood.
Како првенец на генерацијата во средно, Cindy Crawford добила стипендја за Northwestern University за студиите по хемиски инженеринг. Сепак, го напуштила студирањето за да стане супермодел што и не било грешка со оглед на тоа дека своите лик и тело ги претвори во огромен бизнис.
Како тинејџерка Kate Beckinsale два пати победила на WH Smith Young Writers. Еднаш за своите кратки раскази и повторно за три поеми. Потоа таа запишала литература на Oxford University’s New College.
Meryl Streep е една од ретките во Hollywood кои дипломирале актерска игра. Освен дипломите од Vassar College и Yale School of Drama, за нејзиниот интелект сведочи и фактот што во 1999 година научила да свири виолина за само два месеца, за потребите на филмот Music of the Heart.
Geena Davis е член на Менса, што значи дека спаѓа во најпаметните два проценти од популацијата. Освен тоа завршила театарска уметност на Boston University, а знае да зборува и шведски.
Jodie Foster била првенец на генерацијата во средно училиште, каде учела на англиски и француски јазик, а потоа завршила литература на Yale. Си го синхронизирала сопствениот глас во некои од француските верзии на нејзините филмови.
Natalie Portman заврши психологија на Harvard во 2003 и продолжи на Hebrew University of Jerusalem следната година. Течно зборува хебрејски, а ги усовршува германскиот, францускиот, јапонскиот, па дури и арапскиот.