Ако сте го гледале натпреварот помеѓу Холандија и Шпанија сигурно сте забележале како Арjен Робен помина покрај шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос точно пред да го забележи четвртиот гол за Холандија. Првично беше соопштено дека брзината на Робен во овој момент била 37 км / час. Со ова тој би бил најбрзиот фудбалер во светот.
Подоцна официјалните податоци на ФИФА покажаа дека неговата брзина била 31 км / час, што исто така е многу импресивно. Пред Мундијалот Робен имал максимална брзина на теренот 30 км / час.
Со ова, сепак најбрзиот фудбалер во светот останува Антонио Валенсија.
Во продолжени погледнете една спредба на Робен и други врвни спортисти, меѓу кои и атлетичари:
Усеин Болт (рекордер во спринт) – 43 км / ч
Антонио Валенсија – 35 км / ч
Били Хамилтон – 35 км / час
Џермејн Џонс – 32 км / час
Зар Робен – 31 км / ч
Робин ван Перси – 31 км / ч
Алисон Филикс (олимписка шампионка на 200 метри) – 31 км / час
Крис Џонсон – 31 км / час
ЛеБрон Џејмс – 28,9 км / ч