Покрај билатералните средби и положување на цвеќе пред гробот на Гоце Делчев, на денешната агенда на посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е и заедничко положување цвеќе и откривање на обновениот споменик на бугарскиот Константин Каварналиев, кој има значајно место во бугарската историја.
Кој бил Каварналиев?
Полковник Константин Каварналиев ќе остане запаметен по саможртвата и спасувањето на илјадници цивилни бугари кои бегале од Грците за време на Меѓусојузничката војна (Втора Балканска Војна, 1913 година), кои пак „уништувале сè бугарско на север од Солун“, пишуваат бугарските медиуми.
Каварналиев кај Кукуш цели три дена задржувал 6 грчки дивизии со само два полка, што било доволно да се евакуира „бугарското население на градот“ и истото да се засолни во пределите на стара Бугарија. По влегувањето во Кукуш, грчката војска на кралот Константин го збриша градот. Тоа воено злосторство е документирано и од Карнегиевата комисија во 1914 година.
Во следната битка, кај Дојран, Каварналиев располагал со само 3.000 војници под негова команда, наспроти 42.000 грчки војници. Битката започнала на 18 јуни 1913 година. Во бугарската историја се паметат зборовите со кои го испратил својот аѓутант кон Софија: „Поручнику Дуров, тргни по пат кон Софија и ако сретнеш дури и еден бугарски војник, прати ми го за да го внесам во битката!“. За жал, во тој тежок момент за целата држава, поддршка нема – сите се на фронтовите, борејќи се со Грците, Турците и Србите, пишуваат бугарските медиуми.
На 23 јуни, Каварналиев тргнува во смел контранапад кој ќе биде клучен за одбивањето на Грците и зачувување на позициите. Во битката тој бил ранет во ногата. Иако раната изгледала лесна, била погодена важна артерија, па неколку часа подоцна Каварналиев пoдлегнал на повpeдата.
Споменикот на Каварналиев
Споменикот на Каварналиев бил подигнат во 1916 година во реонот на Дојран, кој во тоа време бил дел од Бугарија, пишува бугарската „БГНЕС“. Споменикот бил откриен од друг прославен бугарски полковник – Борис Дрангов. Споменикот е висок 7 метри и потсетува на спомениците на Апостолот на слободата и Царот ослободител во Софија. На споменикот стои написот: „Полковник Каварналиев, загинал за слобода и татковината, со 9-тата Плевенска дивизија“, пишува агенцијата.
Српските комунисти не можат да се помират со постоењето на споменикот, па во 1966 година го уништуваат. Неговото уривање било дел од кампањата на „југословенските комунисти на диктаротот Тито за уништување на бугарските споменици во земјата, тврди „БГНЕС“.
По промените, родољубивите Бугари го обновуваат споменикот, но елементите поврзани со Белград не дозволуваат негово постатување и дури ја сквepнават могилата. Тогаш споменикот е поставен во родниот град на полковникот Каварналиев – Шумен.
„По нешто повеќе од 100 години по својот подвиг, полковник Каварналиев најпосле ќе има свој споменик. Неговото поставување е овозможено благодарение на новите меѓусебни односи меѓу Бугарија и Македонија и потпишувањето на Договорот за пријателство на 1 август 2017-та. Откривањето на новиот споменик е дел од напорите за чествување на нашето заедничко минато. За неговото значење зборува и фактот што на церемонијата ќе присуствуваат државници од највисоко ниво од Македонија и Бугарија“, пишува агенцијата.