Home Технологија Наука Кој број е следен во низата?

Кој број е следен во низата?

0
Кој број е следен во низата?

Денешната загатка е кратка, прецизна и јасна: Можете ли да познаете кој е следниот број во оваа серија:

niza

Се што ви треба за да го пронајдете решението на загатката, се наоѓа пред вашите очи – во бројките погоре.

Имајте на ум дека, сепак, дури и некои прилично добри математичари се посрамотиле при нејзиното решавање.
Среќно!

Одговорот е под сликата.

shutterstock_88446508-272x300

Решение:

Следниот број од серијата е … 13112221. Зошто? Затоа што, 1 се чита како „една 1“ или 11. Бројот 11 се чита како „две 1“ или 21.  21 се чита како „една 2, а потоа една 1“ или 1211 (една двојка една единица) . 1211 се чита како “една 1, потоа една 2 и конечно 2 1” или 111221. 111221 се чита како “три 1, потоа две 2, а конечно една 1” или 312211.

Соодветно по таа логика следниот број е: „Една 3, една 1, две 2, две 1“ или 13112221 … Ова е серија на броеви, воведена и анализирана од Џон Конвеј. На Wikipedia можете да видите една детална статија посветена на оваа математичка серија и логиката за неа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here