Мажите кои ги поминуваат деновите и ноќите во јалови пребарување на партнерка, живеат пократко во споредба со оние кои го наоѓаат партнерот со значително помалку напор, покажува истражувањето.
Докажаните „брачни бенефиции” како повисоките приходи и подоброто здравје исто така не се за занемарување. Затоа раното мажење и мирнниот брачен живот се залог за долговечност, барем кај мажите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Медицинската школа на Универзитетот Харвард, популаризирана од Ројтерс.
„Ако имате проблеми во наоѓање на партнерка, тоа е како психички ресурс што се одразува на траењето на животот”, вели проф. Николас Христакис, шеф на истражувачкиот тим. Во истражувањето учествувале 4183 мажи кои завршиле на Универзитетот во Висконсин во 1957 година и уште околу 7 милиони господа со здравствено осигурување. Резултатите од животот на учениците покажале дека половина век подоцна повеќето од мажите кои учеле во клас, во кој што имало повеќе девојчиња од момчиња се живи и до денес, за разлика од соучениците во класови во кои момчињата и девојчињата биле подеднакво. Уште поголема смртност е забележана кај оние кои учеле во паралелки, во кои доминираат момчињата.
Здравноосигурените мажи, кои живееле во САД со висок сооднос на жените во однос на мажите во адолесценцијата и 20-те години, живееле во просек за 3 месеци подолго од оние кои ја поминале младоста во држави со малку девојки.
Заклучокот на научниците е дека лесно постигнатиот брак и спокојството што истиот го носи, се клучни за душевната и физичка состојба на луѓето.
„Бракот е вонредно важен за вашето здравје! Независно од тоа дали ќе се ожените порано или подоцна “, категоричен е проф. Христакис.