Технологијата се менува брзо и во последниве години сме сведоци на многу иновации во оваа индустрија.
Што да очекуваме оваа година?
1. Мобилни платежни системи
Безконтактните платежни услуги кои се вршат преку смартфон, почнаа да регрутираат брзина во 2014 година, а се очекува во оваа тие да бидат достапни за поголем дел од корисниците и повеќе компании да работат напорно за равивањето на овој сектор.
Во септември Apple го претстави Apple Pay на начин што услугата има за цел да го промени стариот вид на плаќања. Плаќањето се врши преку употреба на сензорот TouchID, Passbook и Secure Element – чип кој ги енкриптира информациите што минуваат низ платежниот систем.
Како секоја иновација и тоа има свои предности и минуси. Позитивното на мобилни платежни системи е дека тие нудат брз и лесен начин за плаќање на сметки, но лошото е дека тие влегуваат во територијата на вечно актуелната тема за безбедноста на личните податоци, што доведува и до точка 2.
2. Додатоци за блокирање на сигнали
Мобилните платежни системи како Apple Pay користат NFC, но постарата технологија RFID, базирана на радиофреквентна комуникација меѓу специјално изработен идентификатор и уред за читање, им овозможува на хакерите лесно да ги украдат вашите информации, кога се во близина.
Во одговор на ова веќе има различни додатоци кои најверојатно ќе станат доста популарни во текот на оваа година. На пример RFID паричници за вашите кредитни картички, кои блокираат сигнали, но, исто така, се очекува да видиме дури јакни, торби и фармерки кои имаат иста функција.
3. Виртуелна реалност
За неа читавме доста и во 2014 година, но сигурно тоа ќе биде еден од водечките трендови и во 2015, кога Oculus Rift треба да биде ставен на пазарот. Тогаш ќе видиме и голем број на нови технологии и апликации од програмери.
Oculus Rift ќе се соочи со конкурент во лицето на Project Morpheus на Sony, кој ќе работи со конзолата PlayStation 4. Проектот беше објавен на крајот на март од Шухеј Јошида, претседател на Sony Worldwide Studios за време на Game Developers Conference 2014. Тој е плод на 3-годишна работа од страна на компанијата. Morpheus ќе биде најефикасен во комбинација со други додатоци на конзолата – PlayStation Camera ќе ја следи позицијата на уредот и соодветно погледот на корисникот преку шарени LED светла во предниот дел, а PlayStation Move контролорот ќе одговара за движења и интеракции.
4. Internet of Things
Internet of Things, или IoT, e идеја за идна интернет мрежа која ги поврзува виртуелно не само голем сет на уреди, туку и сè друго на планетата. Терминот се појави уште во 2009 година, со тоа што всушност се однесува на збир на интегрирани технологии, вклучувајќи безжична комуникација, додадена реалност, роботика и микроелектроника.
Идејата е преку единствени идентификатори да разменуваме податоци меѓусебно без тоа да бара интеракција на човекот кон човек или на човек со компјутер. Веќе има напредок, а како за пример може да ги дадеме иновациите во домашната техника – да речеме, можете да го контролирате вашиот фрижидер од смартфонот, но и тој да ви кажува што треба да купите.
HP дури претстави нов вид на компјутер , кој може да се справи со огромната количина на податоци од Internet of Things. За да може да работи со толку многу информации, уредот користи група од специјални јадра, наместо неколкуте обични стандардни компјутери. Технологијата вклучува и т.н. memristors – транзистори кои имаат можност да ја запазат информацијата дури и при загуба на енергија.
5. Автономни автомобили
Веќе неколку години се зборува за автономни автомобили кои можат да се контролираат од далечина и без присуство на возачот внатре, но во 2015 година ќе ги видиме можеби најголемите достигнувања во оваа област.
Непосредно пред празниците Google обави дека е подготвен со првиот прототип на автоматизиран автомобил . Веќе е вметнат системот LIDAR на горната страна на возилото, кој му овозможува на софтверот да ја препознава околината и да се снаоѓа во просторот. Системот е со значително прикажувачки вид што зборува за оптимизацијата кај него. Тој се уште ќе има човек за возач кој ќе ја преземе контролата над воланот при потреба, но тоа и ќе бидат првите сериозни чекори на Google кон автоматизација на движењето кај автомобилите.
На CES 2015 ќе видиме и на што работеле од BMW. Тие ќе ги претстават Remote Valet Parking Assistant , кој може да управува автомобил преку врска со паметен часовник. Експерименталниот модел е BMW i3, а тој е опремен со 4 ласерски скенери, идентификување на опастностите во животната средина. Освен тоа, од BMW велат дека собраните информации од овие скенери може да се користат дури и во ситуации во кои во колата нема возач. Преку паметни часовници, корисниците можат да активираат Remote Valet Parking Assistant и автоматски да го управуваат автомобилот од далечина низ просторот на паркингот.
Сигурно автономните автомобили имаат долг пат, кој ќе биде зачинет со негативни коментари, недоверба и законски пречки, но 2015 година со сигурност ќе го означи почетокот на вистински развој во оваа технологија.
6. Модуларни телефони
Уште кон крајот на 2013 година почна да се зборува за Project Ara – модуларен телфон, на кој корисниците можат да ги сменат компонентите. Идејата е да има една основна рамка и во неа да се додадат различни компоненти според барањата на самиот корисник. Модулите можат да бидат сè – батерија, процесор, екран, тастатура и така за кратко време Ara стана сон за многу технолошки фанови.
Во 2014 година и други компании почнаа да работат на свои верзии на таков уред. Видовме Phoneblocks , Project Magic Cube , а исто така и Nanoport – патентирана технологија на Nano Magnetics, која се базира на магнетни конектори сместени во четирите агли на уредот, овозможувајќи реконфигурација и модуларност меѓу одделни уреди.
На технолошката сцена се појави и Puzzlephone кој се состои од неколку компоненти – LCD дисплеи, звучници и основна структура, батерија и второстепена електорника, како и процесор и камера. Интересот за модуларен телефон е прилично голем, па затоа треба да очекуваме силен развој и во 2015 година.
7. Преведете во реално време
Во декември Skype лансираше тест верзија на Skype Translator, кој ќе прави преведување во реално време на англиски и шпански. Имаше и видео во кое беше демонстриран разговор помеѓу двајца студенти од САД и Мексико, на начин што додека тие зборуваа системот автоматски правеше превод. Од компанијата ветија дека ќе има уште поголем развој во 2015 година.
Подобрувања видовме и на Google Translate , кој заостана во многу погледи. Една од работите кои недостасуваат е преведување во реално време на текст користејќи ја камерата на уредот, но тоа ќе се промени. Наскоро корисниците ќе можат да го насочат телефонот со вклучена камерата кон некој текст и да го добијат неговиот превод во реално време – меѓу англиски и француски, германски, италијански, португалски, руски или шпански јазик. Преводите можат да се „од или на“ англиски, со тоа што во моментов тој задолжително треба да е еден од споменатите јазици (на пример, нема да може да преведувате од германски на француски и др.)
8. Вештачка интелигенција
АИ е многу контроверзна, возбудлива и дури застрашувачка тема. Во 2014 година, Стивен Хокинг предупреди за опастностите кои се поврзани со неа, но тоа не ги сопре научниците кои продолжија со своите студии и излагања. Во летото Елен Муск сподели на Twitter : „Треба да сме многу внимателни со вештачката интелигенција. Можеби е поопасна од атомска бомба.“.
Други, како Реј Карцвајл од Google, исто така ја коментираа таканаречената “технолошка посебност” – хипотетички момент во иднината на човештвото, при што машините, во форма на вештачката интелигенција, ќе станат поинтелигентни од луѓето и не се знае што ќе се случи потоа.
Минатиот месец разбравме за напредокот на научниците во технологијата за препознавање на слики . Новото откритие е дело на научници од Универзитетот Стенфорд и Google, а вклучува во себе вештачка интелигенција, кој има способност да се развива самостојно. Тој може да учи како да препознава цели сцени, како го гледа тоталитетот на субјекти и објекти. Програмата потоа прикажува опис на активностите. А дали навистина сме подготвени за роботи и вештачка интелигенција ?
9. Флексибилни дисплеи и уреди
Темата за флексибилните дисплеи беше доста дискутирана уште во изминатата година – екрани, кои можат да се наведнуваат, извртени и дури завиткани како весник, се можеби следниот чекор во развојот на технологијата. Тука треба да се спомене дека тие датираат уште од 1970 година, но како што знаеме секој развој и усовршување не се случува за ден.
Се очекува во 2015 година многу технолошки гиганти како LG и Samsung да го продолжат развојот на тенки како хартија OLED дисплеи.
10. Онлајн безбедност
Околу хакерските напади против Sony се крена доста голем шум, со тоа што оваа тема ќе продолжи да се дискутира и во 2015 година. Ова послужи како аларм, сконцентриран кон онлајн безбедноста. Токму поради оваа причина можеме да очекуваме следната година голем број на производи и услуги кои нудат заштита на нашите информации.
Развојот во оваа насока ќе доведе до подобрувања во биометриска идентификација, научниците дури го користеа принципот на квантната механика, за да создадат практично неранлив метод против крадци за потврда на кодот на кредитните картички. Во следната година потрошувачите и експертите ќе ги следат компаниите кои складираат информации – од социјалните медиуми до обичните услуги.
11. Дронови
Нема како дроновите да не бидат еден од главните трендови и во 2015 година За добро или зло нивниот развој продолжува и компаниите ќе наоѓаат се повеќе апликации. Благодарение на нивниот потенцијал, тие ќе бидат корисни во многу индустрии.
Неодамна Washington Post објави дека Федералната авијациска администрација на САД има 167 поднесени апликации за проекти со дронови и се очекуваат уште “стотици други” во 2015 година. Amazon е една од клучните фигури во овој сегмент од пазарот, компанијата продолжува да тестира снабдување со безполотни авиони . Дроновите се користат и за следење на дивите животни и студија на опасни зони.
Тим од научници, учествуваа во трката International Genetically Engineered Machine (iGEM), која е фокусирана на синтетичката биологија, пак претстави нов беспилотен авион , кој може самостојно да се составува насекаде, за да заврши работа, а ако се изгуби се топи во безопасен шеќер, односно првиот биоразградлив дрон.
А вие што очекувате во 2015 година?