Колку ќе трае една врска зависи од бројни фактори како што се карактерот, разбирање за врската, односот на партнерите и други.
Но, од гледна точка на астрологијата, некои хороскопски знаци се повеќе склони кон долгите врски. Да видиме кои се тие ….
Вага
Претставниците на знакот секогаш најпрво се пријатели, а потоа интимни партнери. Тие се посветени на другиот човек пред се’ и секогаш се подготвени да му бидат поткрепа. Прават романтични изненадувања, разговорите со нив се интересни, можат да бидат бескрајно фасцинантни. Не паѓаат во искушение да изневеруваат, иако често можат да си дозволат невин флерт. За да ве напушти една вага, значи дека се случило само едно нешто – сте претерале. Сте избрале ладно и / или грубо однесување пред забавните и слатки моменти.И покрај бескрајните нејзини обиди да ги врати односите помеѓу вас, вие не сте вложиле напор.
Бик
Бикот е еден од најлојалните знаци. Заедно со неговиот практичен карактер, претставниците ретко се откажуваат од целта. Бикот преферира долго да избира, додека го пронајде најдоброто. Соодветно на тоа, ако имате партнер со овој знак, тој навистина видел нешто посебно во вас и нема намера да ве замени, освен ако сексот не стане ужасно здодевен. Иако се избалансирани во принцип, во кревет тие се страсни и жедни за љубов.
Рак
Раковите се романтични по природа. Сакаат многу длабоко и многу силно. За нив семејството и односот се света институција. Тие преферираат да го простат и непростливото (иако целиот живот ќе ве потсетуваат на грешките), наместо да ги прекинат односите. Единствено што може да го натера овој знак да побара друг субјект на чувствата, е ако вие престанете да бидете посветени кон него. Душата на Ракот буквално умира, ако некој не му покажува љубов и загриженост.
Риби
Во повеќето семејства, кои се заедно уште од училиште, едниот партнер е во знакот на Риби. Тие се ужасно предани во врската и ја чуваат како непроценливо богатство. Рибите никогаш не почнуваат врска со идејата нешто да биде кратко и површно. Но, имајте на ум дека ако романтичната риба се чувствува неразбрана и непочитувана, станува склона кон неверство. Во овој случај, тоа за неа не е паралелна врска, туку едноставно таен начин за набавка на возбуда. Исто така знајте дека Рибата никогаш нема да признае неверство.