Кога во Јапонија ќе заврне снег

Во понеделникот во Токио заврна снег каков што не заврнало неколку години. Всушност, во Токио нема заврнато снег 4 години, ќе ви кажат локалните жители.

Ете, снегот и нив ги изненади, предизвикувајќи сообраќаен хаос низ градот. Колите беа заглавени и оставани крај патиштата, возовите запреа, авионите слетаа. Беа откажани околу 250 интернационални летови, а луѓето останаа заглавени на аеродромите.

Останатите Јапонци, меѓутоа, се фрлија на правење „снешковци“. Ама не заборавајте, ова е Јапонија – можеби земјата со најоткачени и најкреативни умови. Нормално дека обичен Снешко (три топки снег, тенџере, морков, две гранчиња) не поминува. Со таков може само срам да те фати кога ќе видиш што направиле другите. Еве пар примери:

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

- Реклама -