Снаи против свекрви – борбата е вечна и не случајно има многу исповеди на оваа тема. Следниов текст е уште еден аргумент на страна на снаите.
Се работи за свадбена покана, чија содржина, за чудо, и била поверена на мајката на младоженецот. Можеме само да ја замислиме болката што таа ја чувствувала за да си го отвори срцето на овој начин. Гласи вака:
Вие, за жал, сте поканети на свадбата на мојот перфектен син – „Докторот“ и некоја ефтина бескуќничка на чие име во моментов не можам да се сетам.
Најголемата катастрофа во историјата на мојата фамилија ќе се случи на… бла бла… и несомнено ќе заврши со развод. Се надеваме, доволно скоро за да биде поништена.
Неиздржливо разочарувачката и срцепарателна церемонија ќе биде проследена со вечера, во која ќе се служат ореви, бидејќи немампојмакакосевика има алергија.
Која од нив е во право, само тие си знаат.