Според законот, возрасни сме од 18 години, но според научниците – тоа не е така едноставно. Луѓето не стануваат „целосно возрасни“ се до своите 30-ти, покажуваат истражувањата, но и тоа правило не е универзално.
Научниците кои се бават со истражувања на мозокот и нервниот систем велат дека возраста во која некоја личност станува „возрасна“ е всушност индивидуална и кај секого различна.
Едно е сигурно – 18-годишните не се возрасни. Кај нив мозокот и натаму минува низ промени кои можат да влијаат на однесувањето и кои ја зголемуваат веројатноста од развој на мeнтaлни нapyшyвања.
„Сметаме дека е апсурд да се дефинираат годините во кои личноста преоѓа од детство во возрасно доба. Тоа е транзиција која се одвива во текот на три децении“, вели Питер Џонс, професор од Кембриџ. „Таквите дефиниции, претпоставувам, се погодни само за образовниот и правниот систем“, вели тој.
Како пример, тој го наведува аргументот дека искусните судии прават разлика меѓу обвинeт на 19 години и „закоравен кpиминaлeц“ во своите доцни 30-ти.
„Едноставно не се преоѓа директно од детство во возрасно доба. Тоа е патување кое трае“, заклучува Џонс.