Кога се познава дали детето ќе биде леворако?

 

Еден од десет луѓе на светот е левак. Дали и вашето дете ќе биде меѓу нив може да се види уште многу рано, велат научниците.

Имено, според истражувачите од универзитетот Ruhr во германскиот град Бохум, тоа се гледа уште додека бебето е во стомакот, во осмата недела од бременоста.

Нивната студија покажува дека склоноста кон леворакост почнува со формирањето на ‘рбетот, а тоа која рака бебето ја преферира може да се види на ултразвук, т.е. кој палец бебето го цица во стомакот.

Дел од научниците сметаат дека леворакоста/десноракоста е запишана во гените. Други сметаат дека клучни фактори за тоа се мајчините хормони. Се смета дека машките деца имаат поголема тенденција да бидат левораки, на што влијае нивото на тестостеронот.

Надвор од утробата, леворакоста се забележува најрано во шестиот месец од животот, а најчесто подоцна, околу третата и четвртата година од животот.

Иако и денес постои генерална стигма околу левораките, од аспект на тоа дека повеќето секојдневни продукти, алатки и апарати се прилагодени за деснораки, тоа е сé помалку изразено во однос на порано – сé повеќе од наведените добиваат и своите левораки варијанти.

Згора на тоа, будистите ги сметаат левораките за мудри, а и многу истражувања покажуваат дека обично се доста паметни.

- Реклама -