Ники Бун фотографираше уште додека работеше како физиотерапевт во Шкотска. Но, како што патуваше (од Нов Зеланд е), нејзината интерес кон хобито сé повеќе избледуваше. Дури кога се врати во Нов Зеланд и започна семејство, пасијата кон фотографијата се врати на голема врата.
„Childhood in the Raw“ е тековна фото-сесија во која главни ликови се четирите деца на Бун. Овие не се обични деца, од аспект што живеат детство ослободено од секаква технологија, на 4-хектарскиот имот во Нов Зеланд.
„Мојата пасија е да снимам што можам повеќе од секојдневниот живот на моите деца, како и нивните авантури, преку најсуштинските фотографии што можам да ги направам… нивните приказни, нашите приказни и дел од мене. Тие се за нив, за да уживаат и да се сеќаваат во годините што следуваат“.
„Моите деца не одат во училиште и живеат без ТВ или модерни електронски направи. Овој начин на живот може да им изгледа чудно на некои луѓе. Но јас сум тука за да го прославувам ова магично место во кое одбрав да живеам со своето семејство. Ги документирам нивните денови, заедно, во околина полна со природа и непречена игра. Фотографирам физичко досие за нивното детство, животот сам по себе… вистинското… најискреното место на слободата… Верувам дека местото на моите деца е овде, тие припаѓаат тука, покриени со калта, трчајќи и живеејќи среде природата, диви и слободни…“