Кога работното време би почнувало подоцна, луѓето би биле поздрави и посреќни

Хроничната ненаспаност, заморот од работата и недостатокот на мотивација би можеле да исчезнат, а доволно е почетокот на работното време да се помести на подоцните утрински часови. Така вели резултатот на една студија на универзитетот во Пенсилванија, направена над повеќе од 120.000 луѓе. Заклучокот е дека за секој час поминат работејќи, на луѓето им е потребен 20 минути повеќе сон, но во тој случај се попродуктивни и генерално посреќни.

Со оглед на тоа дека недостатокот на сон е се почест проблем, истражувачите сметаат дека флексибилно работно време би било од голема корист на вработените.

„Работното време е најголем крадец на сон, а тоа што луѓето мораат да бидат на работа од раните утрински часови, кај мнозинството доведува до намалена продуктивност“, вели челникот на истражувањето, Д-р. Матијас Баснер.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Sad man holding pillow

- Реклама -