Кога Путин и Џорџ Буш си ги мереа кучињата

Пред некој ден ви објавивме галерија од познати фаци за кои можеби и не знаевте дека сликаат. Меѓу тие фаци е и Џорџ Буш, а меѓу сликите на Џорџ Буш се наоѓа и еден портрет на Путин.

Зад инспирацијата за портретот насликан од поранешниот американски претседател се крие една интересна приказна. Како што раскажа Буш, се работи за една нивна меѓусебна средба, на која рускиот претседател „го закачал“ (да не речеме „заебавал“) шкотскиот териер на Буш – Барни.

„Како што знаете, нашето драго куче, Барни, кој имаше специјално место во моето срце… Путин го задеваше и ми рече: Ова го викаш куче?“, раскажа Буш во едно интервју.

Барни – шкотскиот териер на Буш.

Една година по таа средба, претседателот Џорџ и американската Прва дама – Барбара Буш, заминале на патување во Русија, каде што двајцата претседатели повторно се сретнале.

Џорџ раскажува:

„Владимир ми рече: Сакаш ли да го запознаеш моето куче? Го извади овој огромен пес, очигледно многу поголем од шкотски териер, а Путин ме погледна и ми рече: Поголем, посилен и побрз од Барни“.

Како што си кажа и самиот автор на портретот, сметал дека оваа негова случка открива многу за карактерот на Путин, а токму тоа Буш сакал да го рефлектира во портретот – „портрет на празен, со камено лице, Путин“.

„Јас само го прифатив тоа – не изреагирав. Само реков: Wow. Секој што размислува ‘Моето куче е поголемо од твоето куче’ мора да е интересен карактер. A оваа слика делумно го рефлектира тоа“, рече Буш.

Се разбира, приказната нема да биде комплетна ако не го видите и кучето на Путин – женка, црн лабрадор по име Кони. Фотографијава е од 2007, кога Путин бесрамно си ја донесе на една средба со Ангела Меркел.

 

- Реклама -