Анџелина Џоли не е само убава жена и стилска икона, туку пред сè мајка на многу деца, посветена сопруга и голема инспирација за нејзиниот сопруг Бред Пит.
Денеска ви нудиме поглед во животот на Анџелина од еден необичен агол – низ очите и објективот на нејзиниот сопруг и холивудски актер, Бред Пит. Овие фотографии Пит дозволи да се објават за прв пат во магазинот W Magazine и налета на одлични критики за неговата работа, досега непозната во јавноста.