Кога можеше Трамп, зошто да не и Ливерпул?

liverpool

Кога разговараме за тоа кој би можел да биде најлегитимниот кандидат за титулата во Премиер Лигата, убедливата победа на Ливерпул над  Вотфорд и не е баш некое си кој знае какво мерило. Од друга страна пак, со играта што ја покажаа во неделата играчите и тоа како ги возбудија домашните навивачи на Марсисајд.

Натпреварот со Вотфорд, како што кажавме и на почетокот не е мерило за залак како титула, но секако дека е еден вид заокружување на феноменалните игри кои ги покажаа досега и наговестување дека овогодинешниот оптимизам е оправдан. Последните неколку сезони од оваа деценија беа прилично сурови за Ливерпул чии надежи секоја година завршуваа во  кал.

Сега се наоѓаат на првото место по 11 одиграни кола и реално делуваат доста сигурни дека можат и да останат таму во наредните кола. Нивните амбиции оваа година не се потпираат на очекувањата да ги победат слабите тимови што беше случај со далеку послабиот Ливерпул од минатите неколку сезони.

Не само што успеваа да избегнуваат пораз досега (освен еднаш) туку ги победија и Арсенал и Челзи, а играа нерешено со Јунајтед и Тотенхем. Пред некое време котираа како најслаб тим во првата шесторка, а сега имаат феноменални резултати со најголемите ривали што им претскажува иднина посветла и од новите заби на Фирмино. Кога на ова ќе го додадеме и настапот во неделата против Вотфорд, станува прилично јасно во каква форма се наоѓаат. Клоп состави екипа која успева да ги победи најдобрите англиски тимови, а со помалите (чест на Барнли) да се изживува.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Кога не сето ова што го кажавме, би додале дека Ливерпул веќе одигра со речиси сите ривали и во наредните 7 кола треба да го докажува тоа што му го направи на Вотфорд, шансите стануваат уште поголеми. Следното дерби им е дури за Нова година кога го пречекуваат Сити дома (на Енфилд) каде „сините“ немаат забележано победа уште од 2003-тата. Доколку и овој натпревар успеат да го добијат, не се смејте … Ливерпул има шанси за титула.

- Реклама -