Кога Ливерпул за последен пат ја освои титулата

Беше тоа далечната 1989-90, последната златна сезона на дотогаш непобедливите момци во црвено. Тој 28 Април 1990 се играше натпреварот од 36-тото коло, Ливерпул требаше да го добие КПР, а Астон Вила да не победи со Нориџ за „црвените“ да го кренат пехарот две кола порано. Тоа и се случи, КПР поведе со 1-0, Иан Раш израмни на 1-1, а во 63-тата минута Џон Барнс од пенал му ја донесе титулата на Ливерпул. Од друга страна пак, Вила се изнамачи со Нориџ во натпреварот кој заврши 3:3.

Премиер Лигата се основаше 2 години подоцна (1992), со цел да ја замени Првата дивизија. Ливерпул нема освоено титула во Премиер Лигата, додека 3 пати завршува на второто место (2002, 2009,2014). Манчестер Јунајтед пак е најдобар во ПЛ со 13 освоени титули.

- Реклама -