Фотографија од птица што го храни своето малечко не би требало да предизвика нешто посебно голем интерес, но оваа е малку поинаква. Ја направила Карен Мејсон на една плажа на Флорида, а во описот пишува:
„Ако пушите, ве молам немој да ги оставате отпушоците зад себе“.
Фотографијата не ги остави корисниците рамнодушни. „Ова е толку тажно“, „Ова е фантастична фотографија, би требало да стане плакат за заштита на животните“, „Ова го кpши cpцето“ – се само дел од коментарите.