Кога ќе сфатиш дека секоја храна е нездрава…

iStock_000018546505_Large.cd6275ed[1]

Месото е нездраво. Животните, од кои тоа доаѓа, се хранат со секакви хемикалии, за да пораснат и да не се разболуваат. Не можам да јадам тоа!

Истото важи и за рибата. Велат дека таа е исто така наклукана со хормони, за да и се зголеми плодноста. Јас си имам доволно хормони, не ми требаат и овие на рибата. Фала, ама не.

Доматите исто така не се дозволени. Некако се „компирести“. Не знам што точно значи тоа, ама луѓе викаат дека било нездраво. Истото важи и за модриот патлиџан, и за слатката пиперка.

Овошје и боровинки? Неее… Во нив има шеќер, а шеќерот предизвикува дијабетес. А да, особено ако го јадеме навечер. Никогаш не јадете овошје и боровинки навечер. Шеќерот во текот на ноќта магично се претвора во поголем задник и стомачни масти. Јас си имам доволно такви ствари, не ми требаат уште.

Компири? Скроб? Ориз? Или сé ова е едно исто? Макарони? Шпагети? Ех, а заборавивте на скробот и глутенот? Глутенот во иднина станува шеќер, а шеќерот – иден газ.

Прочитајте и:  Студија на Харвард: Ова се најбогатите протеински намирници што треба да ги јадеме

Маслото за готвење не е дозволено. Маста исто, заради мастите и заради холестеролот. Исто е и со јајцата. Леб и пиво – премногу квасец. Не знам зошто, ама не е убаво многу квасец во телото.

Млекото, пак, содржи масти и хормони затоа што кравите биле хранети со нив. Целта е малите крави да пораснат и да станат големи крави. Никој не сака да е дебел, така да и тоа отпаѓа.

Сок. Ви текна? Забранет е. Важи истото како за овошјето и боровинките, плус целулоза.

Зелката, карфиолот и брокулите, пак, содржат супстанции кои ја спречуваат апсорпцијата на јод. А тоа може да ја оштети тироидната жлезда. Тироидната жлезда кај жителите на градските средини не ја бива за ништо. Една лоша тироидна жлезда, и оп – дебел задник.

Значи, заборавете на сé тоа. Што останува? Спанаќ… има оксална киселина, која им штети на бубрезите. Лоши бубрези = подуеност = прекумерна тежина. Не, не, не. Лош спанаќ, лош!

Ерм… Трици. Ќе јадам трици. Немам слушнато ништо лошо за нив…

- Реклама -