Научно не е докажано, ама искуството покажува дека алкохолот во крвта на Англичанец предизвикува невообичаена хемиска реакција која прави пијаниот радо да влетува во тепачки, макар и ако има добри изгледи за мирно решение.
Викендов во барот „The Arc“ во Лидс тоа уште еднаш се потврди. Според полицијата, се степале околу 20 лица. Се удирале со тупаници, флаши и столици, а објектот е оштетен.
Ако случајно се затекнете во англиски бар, ова видео нека ви е показател дека не треба да се обидувате да смирувате ситуација.