Кога ќе пораснам сакам да бидам…

“Кога ќе пораснам” е емоционална фотосерија во која учениците од петто одделение позираат за да ги реализираат своите идни планови за кариера.
Идејата се родила од обичен училишен проект, во кој децата требало да кажат повеќе за својот избор на професионална реализација кога ќе пораснат. За дополнителен кредит требало да побараат интервју од човек кој веќе се занимава со “нивната” професија. Неколку од нив сакале да станат фотографи и затоа го замолиле Брендон Кауд да им раскаже повеќе за тоа со што се занимава.

Кога се појавил пред учениците, тие масовно побарале да се видат како идни професионалци и така Брендон решил да ги направи фотографиите.

21_2 22_2 23_1 25_1 26 28 29 30 31 32 34_0 35 36

 

- Реклама -