До кога ќе ги пуштаме децава да им сметаат на паркираните коли на тротоарите? ДО КОГА???

Еден од врвните приоритети на општина Центар е колите да се безбедни на тротоар. Меѓутоа, од сликиве ќе видите дека надлежните баш и не си ја вршат работата. Колите секојдневно се малтретирани од деца кои дивеат по тротоарите, што одејќи пешки на нозе, што возејќи на две тркала (некогаш и на четири, со помошни).

Иако децата се најголемите непријатели на паркираните возила, од надлежните институции (полицијата и општината) велат дека притисокот што се прави врз нив (врз општината и полицијата) е неправеден. Едноставно, велат, Македонија има проблем со големиот наталитет и децата се насекаде.

Во меѓувреме, уверуваат, забрзано работат на евентуални можни решенија за проблемот. Децата мора да бидат зауздани, а автомобилите мора да бидат безбедни. Не смее пајак да ги полази.

Кредитс за текстот/идејата/фотографиите: Фесјбук постов

- Реклама -