Кога камелеоните се гледаат во огледало

chameleon-sitting-on-tree-branch[1]

Што се случува кога камелеон ќе се најде пред огледало? National Geographic реши да го најде одговорот на ова прашање.

Различните бои во кои се бои камелеонот, спротивно на општото мислење, не се само за камуфлажа, вели Ели Гринбаум – специјалист по еволутивна генетика на Универзитетот во Тексас во Ел Пасо. Бојата на овие гуштери се менува и како резултат на температурните промени или емоциите.

А машките камелеони дефинитивно стануваат интензивно емоционални кога ќе видат, или мислат дека гледаат други примероци од нивниот пол, кои би можеле да им бидат ривали во потрагата по женка или живеалиште. Како резултат, машкиот камелеон инстантно ја менува бојата кога ќе се најде пред огледало.

kameleon

Женките пак, ја менуваат бојата за да им го соопштат својот сексуален статус на мажјаците во околината. Медитеранските камелеони, на пример, според една студија од 1998 година, ја менуваат бојата во жолта, и со тоа покажуваат дека се расположени за парење. А кога камелеонка ќе се види во огледало? Според експертите, нејзината реакција е „помека“ од таа на мажјакот. Тоа е затоа што не гледа на „другиот примерок“ како конкуренција, бидејќи кај камелеоните женките го избираат партнерот, а не обратно. Сепак, ваквата женска реакција пред огледало не е гарантирана, бидејќи нашите знаења за женските камелеони се сé уште нецелосни.

- Реклама -