Кога Јокиќ беше на паркетот, САД не успеваа од остварат предност


Кошаркарите на САД убедливо со 110:84 ја победија Србија во меч кој беше дерби на првото коло на олимпискиот турнир во Париз. По мечот имаше еден интересен податок кој покажува уште еднаш кој е најдобриот дефинитивно во светот на кошарката.

Никола Јокиќ не случајно е најдобар кошаркар во светот во последните неколку години, а тоа го потврдува и статистиката од пресметката против САД.

Центарот на Србија на теренот помина 31 минута, а со него на терен, Србите воопшто не заостануваа зад првиот фаворит за златото.

Во тие 31 минута колку што Јокиќ играше на теренот, двете репрезентации постигнаа по 81 поени, што значи дека со него на теренот Србија била рамноправен ривал.

- Реклама -