Кој хоропскоски знак сте вие и вашиот партнер? Погледнете овде како како би изгледале вашите расправии под влијание на ѕвездите…
Овнот простува кога ќе види искрено каење
Не е тешко да ги навредите, но на сета среќа овните не се злопамтила. Доколку силно сте ги навредиле, многу е возможно неколку дена да не разговараат со вас, но по некое време и тврдоглавиот овен ќе попушти. Овните ја почитуваат искреноста, а ќе ви простат кога ќе проценат дека навистина се каете.
Бикот им простува само на пријателите
Никако ама никако не го „допирајте“ неговото его. Доколку се почувствуваат загрозено, можат засекогаш да ве избришат од својот живот. Темпераментни се и сакаат освета. Бикот е исклучително верен и пожртвуван, а истото го очекува за возврат. Ќе ви прости ако знае дека секогаш ќе бидете тука за него.
Близнаците лесно простуваат
На близнаците често им е јазикот побрз од паметот, па тоа знае да го препознае и кај другите. Ќе ви прости доколку му е навистина дојдено до вас. Најлесно простуваат по неколку искрени зборови и романтична атмосфера.
За ракот е потребен голем напор
Раковите се склони кон промена на расположението, а сакаат да се осветат за работите кои им нанеле болка. Тешко ќе ви прости неверство или издавање на неговата тајна. Ќе ви прости само ако види дека многу се трудите и сте се потрудиле добро да му објасните зошто се каете. Мал знак на внимание, не е на штета.
Лав – Кој? Што? Каде? Како?
Лавовите не размислуваат многу за своите постапки, па често се изненадуваат кога ќе им кажете дека нешто ве повредило. Ретко се извинуваат, но не ни очекуваат извинување. Кај лавовите најдобро е да се однесувате како воопшто да не дошло до расправијата.
На девицата извинете и се јасно и гласно
Превртливите девици се тврдоглави и често осветољубиви. Имено, тешко е да се извините за своите грешки, бидејќи тие „пумпаат“ се што се случува. Од секој кој го избрале во својот живот очекуваат јасно и гласно извинување кога знаат дека се во право (а ретко грешат, благодарение на нивната рационалност).
Вагата е кралица на драмата и играта
Вагата ќе направи драма околку се, таа едноставно го сака тоа. Нема добро да поднесе никаква расправија. Доколку сакате прошка од нив, имајте на ум дека обожуваат да си играат топло-ладно. Во еден момент ќе бидат спремни да ви простат, а веќе во друг ќе се предомислат.
На скорпиите им треба време
Скорпиите се тврдоглави, злопамтила и тешко простуваат. Често поради тоа престануваат со одередени пријателски или љубовни врски. Потребно им е да покажат како со нив нема шала. Можат да поминат и години пред да проговорат со вас. Скорпиите добро реагираат на било каква помош поврзана со социјалниот живот, па ако ги повикате на добра забава или ги запознаете со вистинска особа , имате добра шанса да ви простат во блиска иднина.
Стрелецот размислува разумно
Тие секогаш им простуваат на сите, бидејќи мислат дека секој заслужува втора шанса. Тие секоја приказна умеат да ја согледаат од повеќе агли. Ако им објасните зошто не сте биле искрени со нив и ако увидат дека не сте ги повредиле намерно, тие ќе ви простат без проблем.
Јарецот е подготвен на се
Јарците се исклучително горделиви и осветољубиви, па не простуваат лесно. Сакаат да озборуваат и често се они тие кои се повредени, ако слушнат за себе некој трач. Поради тоа многумина се плашат да повредат Јарец, бидејќи најдобро од сите умее да уништи нечиј углед.
За водолијата потребен е малку труд
Себе си се сметаат за исклучително морални и чесни луѓе, па лесно простуваат. Но, доколку сте негативни и неповолно влијаете на нив, простувањето на врската тешко ќе го отстварите. Водолиите понекогаш велат дека ви простиле, иако всушност не е така, но тоа со текот на времето и дружењето постепено ќе исчезне.
Рибите ја ставаат гордоста пред се
Рибите се едни од најспособните знаци во зодијакот. Тешко простуваат изневерување и предавство, но дури и да простат се дистанцираат од вас. Тие се водени од нивната интуиција и доколку почувствуваат дека треба да ви простат- го прават тоа, доколку не, тогаш ќе се потрудат да исчезнете од нивниот живот.