Еве неколку примери за тоа дека годините не се пречка за да се биде во топ форма, да се вежба јога, да се стане татко или да се биде модел. Погледнете и која е најстарата мачка, најстарата мајка и најстарата шега во светот.
Еве неколку примери за тоа дека годините не се пречка за да се биде во
топ форма, да се вежба јога, да се стане татко или да се биде модел.
Погледнете и која е најстарата мачка, најстарата мајка и најстарата
шега во светот.
Bette Calman можеби има 83 години, но тоа не ја спречува да се витка во невозможни позиции и да ги користи придобивките на оваа стара Индиска дисциплина. Со 40-годишна инструкторска пракса зад себе оваа супер-бабичка е жив доказ дека посветеноста кон јогата ќе ве направи флексибилни како гума.
Запознајте ја Rajo Devi Lohan, индијката која во ноември 2008 го роди своето прво дете – на 70 години! Таа изјави дека тој момент го чекала повеќе од 40 години и дека планира да го дои своето новороденче најмалку 3 години. Којзнае, можеби и навистина ќе го направи тоа.
Најстариот татко во светот го доби својот 21 потомок на 90 години. Индискиот земјоделец Nanu Ram Jogi, во моментов во брак со својата четврта по ред жена, вели дека планира да го зголемува и понатаму своето потомство додека не наполни 100 години. Г-дин. Јоги признава дека не е сигурен колкава е точната бројка на неговото потомство со неговите четири жени, но вели дека бројката е некаде околу 12 синови, 9 ќерки и околу 20 внуци.
Спајк, британскиот жолто-бел мачор, ја понесе титулата најстара жива мачка во Гинисовата книга на рекорди во 1999 година, кога имаше 29 години. Мерено во човечки години, Спајк би бил неверојатни 140 години стар, иако многу ветеринари не се убедени дека е валидно ваквото сметање на мачешките години (можеби затоа што се љубоморни на Спајк кој до крај ги носеше гордо сите свои заби и крзно). Како и да е, Спајк е сигурен рекордер во мачјиот
вид каде животниот век е 15 години. Неговата сопственичка, ароматерапевтот Мо Елкин од Дорсет во Англија го купила Спајк во 1970. Таа вели дека го хранела умерено со риби и мачешка храна помешана со малку алое вера за да го заштити од артритис и реума.
Во време опседнато со младоста и убавината, Daphne Selfe е добредојден доказ дека тие две не мора да се неодвоиво поврзани. Оваа бабичка има 60-годишна кариера на манекенка благодарејќи на нејзината грациозност и долгата, денес бела коса која без срам ја покажува. На 80-годишна возраст, таа е најстариот модел во Британија кој ги красеше модните ревии на Dolce & Gabbana, Tata-Naka и Michiko Koshino.
Научниците ја открија најстарата скулптура која некогаш била направена и која покажува дека луѓето отсекогаш му се восхитувале на женските облини. 35.000 години старата скулптура е приказ на жена со големи гради и други сексуални карактеристики како широки колкови и испакнат стомак. Скулптурата од 6 сантиметри се смета дека била симбол на плодноста, позната е под името „Венера“ и беше пронајдена во една германска пештера.
Можеби мислевте дека шегите на вашиот татко се најстарите во светот, но тоа не е ништо. Тим од академици од Универзитетот во Вулверхемптон го открија најстариот виц на светот. Погодете за што се работи. Па, за испуштање на гасови. „Нешто што не се има случено од настанувањето на светот е младата жена да ‘пушти ветер’ во прегратката на својот сопруг.“ гласи најстариот виц кој ги засмејувал Сумераните во 1900 год. п.н.е.