Дури и денес, некако првата асоцијација со Фолксваген ни е Буба. А во 1970-тите, Буба многумина ги асоцираше на таканаречените Super Bugger кампери. Овие хибридни рекреативни возила беа користени за крос-кантри патувања и важеа за помали браќа на прочуените Microbus Фолксваген (хипи) комбиња.
Првата Буба е направена во 1930-тите, но Super Bugger-от беше дело на сосема трета компанија, која во 1975 година го продаваше по цена од 6.000 долари (денешни 32.000).
Користејќи фиберглас панели, на Буби-те ѝ беше додаван мал простор за живеење зад задните седишта. Тие што сакаа да патуваат со такво камперско возило, обично го користеа просторот за мини-спална и/или скромна кујна.