Едгар Давидс, еден од најдобрите DMF-играчи на сите времиња, „лудакот“ со долга коса и цвикери.
Нема да се занимаваме со повеќе од успешната клупска кариера на момчето родено во Суринам, туку со една извонредна кариера која го одбележала холандскиот фудбал од 1994 до 2005 година. За тоа време Едгар Давидс одигра 74 натпревари, но цел живот ќе се сеќава само на еден.
Поточно, нема да го паметат само Едгар Давидс и Холандија, туку и целата Југославија, која по војната и распадот на земјата копнееше по фудбалски успех. Тоа беше 1998-та година и Светското првенство во Франција на кое Југославија дојде со тогашните супер-ѕвезди на европскиот и светскиот фудбал како Савичевиќ, Југовиќ, Стојковиќ, Михајловиќ, Мијатовиќ и други.
Во осмина финалето се случи сега веќе легендарниот натпревар помеѓу Југославија и Холандиија, по кој Предраг Мијатовиќ стана најголемиот трагичар, а Давидс стана херој на „лалињата“ со голема помош на Ниша Савељиќ. Натпреварот се одигра на 29 јули во Тулуз, и сите очи на светската јавност беа свртени кон дуелот на двата тогаш вонсериски напаѓачи Денис Бергкамп од една страна, и Предраг Мијатовиќ од друга страна. Никој не помисли дека натпреварот од осмина финалето ќе го реши човекот кој не постигна ниту еден гол за „лалињата“, и уште повеќе, некој кој по задачата не ни се приближува до голот на противникот, Едгар Давидс.
Бергкамп ја доведе Холандија во водство во 38-та минута, а човекот од сенката на Слободан Сантрач, Комљеновиќ израмни во 48-та минута. Југославија можеше да направи пресврт, но Мијатовиќ од белата точка ја „отштека“ пречката. Холандија доби крилја и последните десет минути се играше викторија пред голот на Краљ. Потоа на сцената стапи малечкиот „питбул“ Едгар Давидс.
Пречката на Мијатовиќ…
Холанѓаните во 92 минута од натпреварот изведоа корнер од лева страна, одбраната на Југославија остана во својот шеснаесетник. Давидс доби топка на околу 18 метри од голот, шутна и со мала помош од Савељиќ, Краљ беше матиран. За Давидс тоа беше дебитантски погодок, а за „портокаловите“ значеше пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Франција. Холандија на крај заврши четврта. Тоа е најголем успех на Давидс во репрезентативната кариера. Тој подоцна постигна уште само пет гола, но во сеќавањето ќе му остане овој со кој расплака три народи, холандскиот со солзи на радост, а српскиот и црногорскиот со солзи што до денес ги печат сите љубители на фудбалот на овие простори…
Последните мигови и голот на Давидс во 92-та минута…
Силна беше таа југословенска репрезентација, кои многумина ја нарекуваа, европски Бразил.