На денешен ден 29 февруари (2004), Мидлзборо го победи Болтон во финалето на Карлинг Купот со 2-1. Миделзборо беше близу до голем трофеј неколку години претходно, пласирајќи се во две големи финалиња, ФА Куп и Лига Куп, а потоа и уште едно Лига Куп финале во 98-та. Во првото финале го водеа Лестер со 1-0, резултат кој ги однесе во продолжетците. Но, за жал, примија гол во 118 минута и пехарот им кидна од раце.
Тимовите се сретнаа на стадионот Милениум во Кардиф, каде речиси половина од 72.000 присутни, го пропуштија првиот гол, поради проблеми со влезниците, кој падна во 2-та минута. Стрелец беше Жозеф Дезире Жоб.
Вториот гол падна пет минути по првиот, а го постигна Зенден по „бизарно“ изведениот пенал. Во 21-та минута Болтон намали на 1-2. До крајот Болтон имаше уште една 100% шанса која не успеа да ја претвори во гол, поради несопирливиот Марл Шварцер.
Голот на Жоб беше најбрз во историјата на Лига куповите до пред некое време, кога Рисе постигна гол за Ливерпул во првата минута.
Како тоа изгледаше…